МКФ: Изборот на најдобрите го направија новинарите, клубовите и спортските работници

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска преку соопштение одговори на нападите од Перо Антиќ кој на социјалните мрежи негодуваше за изборот на најдобрите во годинава што изминува.

– Македонската кошаркарска федерација се чувствува повикана да одговори во името на вистината и на начинот на постапката за избор на најдобрите во Мак баскетот во 2015 година. За изборот на најдобрите Македонската кошаркарска федерација  испрати барање до сите клубови, новинари и спортски работници со три празни линии  во секоја од 13-те категории, на кои  истите требаше сами да се изјаснат и да го напишат својот избор, а потоа МКФ само ги собра вкупните добиени гласови и на тој начин дојде до конечниот резултат и до победникот во секоја од 13 -те категории, информираат од МКФ.

При тоа во соопштението на МКФ се отфрлаат сите невистини и шпекулации упатени кон нејзиното раководество.

– Со  ова само сакаме да ја запознаеме македонската јавноста со начинот на гласање и избор на најдобрите во нашата кошарка, за да некој обичен и небитен поединец  не би пишувал невистини, навреди и манипупации, бидејќи истиот поединец очигледо не е посветен на својата професија и на работата која ја работи, туку е посветен на други активности, па дури и политички , а нема капацитет за такво нешто. Во статусот напишан на социјалните мрежи,  навредениот спортист самиот  потврдува дека изборот на новинарите  и спортските работници бил вистински и бил донесен врз основа на целосната посветеност  на македонската кошарка, и репрезентација во било кое време, а не врз основа на сопствени евтини маркетинг трикови. За кои што постојано имаше негативни реакции од јавноста кон истите,  поради таквите изјави и неговиот однос кон Мак-баскетот. Ова е нашиот одговор на сите сегашни и идни коментари, стои во реакцијата на МКФ.

Претходно Антиќ реагираше на неговото изоставање од изборите за најдобри спортисти за 2015 година кои ги спроведуваат МКФ и Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска