Француската армија „неутрализира“ десетина терористи во Мали

Од:

Француските војници во ноќта меѓу 19 и 20 декември „неутрализира“ десетина терористи во Мали. Оваа акција беше спроведена во регионот на Менака, на истокот од Мали во близината на границата со Нигер, во рамките на операцијата Баркхане за борба против џихадистите во Сахел, соопшти француското министерство за одбрана.

Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, повикувајќи се на соопштението на француското Министерство за одбрана, оваа акција имала за цел да ги неутрализира припадниците на џихадистичката организација Ал-Мурабитунм раководена од Алжирецот Моктар Мелмоктар, кој неоамна се приклучи кон Ал-Каида на Исламскиот Магреб (Акми). Белмоктар е обвинет дека го организирал нападот на хотелот Радисон Блу во Бамако, во кој загинаа 20, лица на 20 ноември.

Во операцијата спроведена овај викенд, министерството за одбрана на Франција тврди дека во „многу жестоките борби кои траеа скоро четири часа, биле заплетенеи два пик-ап и десетина моторцилки, десетина теророисти биле неутрализирани, а била запленета и голема количина на оружје и експлозив“.

Француската армија го користи терминот „неутрализирани“ – за убиени терористи.

По оваа операција, владата на Мали прогласи вонредна состојба.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток