Турските власти најавија продолжување со повлекувањето на трупите од северен Ирак откако американскиот претседател Барак Обама го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тоа да го стори заради деескалација на тензиите со Багдад околу разместувањето на турската војска.
– Земајќи ја предвид сензитивноста на ирачката страна, Турција ќе продолжи со процесот што веќе го почна во врска со повлекувањето на трупите стационирани во провинцијата Мосул, соопшти турското МНР.
Обама во петокот го повика Ердоган во телефонски разговор да ги ублажи тензиите со Ирак и да продолжи со повлекување на своите сили.