Обама: Башар Асад мора да замине

Од:

Американскиот претседател Барак Обама синоќа повтори дека САД инсистираат на повлекување на сирискиот лидер Башар ал Асад од власта, додавајќи дека во Сирија не може да има мир без воспоставување на легитимна влада.

– Сметам дека Асад мора да замине за да може да престане крвопролевањето во Сирија… Тој го загуби легитимитетот во очите на неговата земја, истакна Обама.
Според него е невозможно Асад да остане на власт откако избрал да изврши „масакр“ врз својот народ, наместо да спроведе „инклузивна политичка транзиција“.

– Нашиот став е дека во Сирија не е можно да се обезбеди мир и да се запре граѓанската војна доколку не постои влада која е легитимна и поддржана од поголемиот дел население, нагласи американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија