Во Данска ќе им биде конфискувана сопственоста на бегалците

Од:

Данскиот министер за интеграција Ингер Стојберг денеска изјави дека полицијата треба да добие право да ги конфискува накит од барателите на азил со цел да се платат расходите за нивното сместување, учењето на јазик, здравствената заштита и курсевите за професионална квалификација.

Таа наведе дека е подготвен предлог-закон со кој бегалците ќе имаат исти права со невработените Данци, кои можат да добијат социјална помош ако ги продадат сите предмети кои имаат вредност над 10.000 круни (1.453 долари).

Стојберг наведе дека бурмите, часовниците и предметите со сентиментална вредност не треба да бидат одземани.

Предлог-законот има поддршка од антиимигрантската Данска народна партија, втора сила во Парламентот и се очекува да биде изгласан следниот месец.

Повеќе од 9.000 лица годинава побарале азил во Данска, каде неодамна социјалната помош за бегалците беше намалена за 50 проценти.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ