Алеп: Бунтовниците ги контролираат патиштата

Од:

Сириските бунтовници ја преземаа контролата над стратешките раскрсници на патиштата на северозападот на земјата, што дополнително ги намали шансите режимот да ги засили трупите во Алеп.

Бунтовниците ги натераа силите на Асад, да се повлечат од своите последни позиции во областа Саракеб, каде што се вкрстуваат главните патишта кои водат од Дамаск и медитеранските места кон Алеп.

„Војската се повлече од својот последен контролен пункт во областа Саракеб“, рече Рами Абдел Рахман, директор на Сириската опсерваторија за човекови права и додаде дека бунтовниците сега ја контролираат територијата во големина од 25 километри во сите правци од Алеп.

Во четвртокот војската веќе ја имаше изгубено контролата на сите пунктови освен на три, а бунтовниците во таа офанзива убија најмалку 28 војници, наведе Опсерваторијата.

Од почетокот на бунтот против режимот на Башар ал-Асад, во март минатата година, во Сирија загинале повеќе од 36.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение