40 милиони долари за сириската опозиција

Од:

Опозицискиот сириски национален совет за прв пат јавно соопшти дека добиле 40.4 милиони долари, странска финансиска помош.

Либија дала 20.4 милиони долари, Катрар -15 милиони и пет милиони се од Соединетите Арапски Емирати, се наведува во соопштението од Сирискиот национален совет, пренесува агенцијата АП.

Од основањето во октомври минатата година, Сирискиот национален совет потрошил 29.7 милиони долари, од кои 89% за „операции на спасување и пружање помош во различни делови од земјата и за сириските бегалци, кои нашле засолниште во соседните земји.

Останатиот дел од парите биле искористени за финансирање на администартивни услуги и комуникација.

САД го обвини Сирискиот национален совет дека не успеал да го обедини отпорот против сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение