Бензините со непроменета цена, дизелот се намалува за 2 денари

Од:

Цената на бензините останува непроменета, а дизелот се намалува за 2 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 62,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 64,50 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот сега ќе изнесува 46,50 ден/литар.

За 2 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство кое сега ќе се продава по цена од 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,514 ден/кг, во однос на претходно утврдената и согласно одлуката на РКЕ новата цена ќе изнесува 17,743 ден/кг.

Намалувањето на цената на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта во изминатиот 14 дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95