Македонија ја совлада Молдавија и се наоѓа пред пласман во баражот за СП

Од:

Футсал репрезентацијата на Македонија ја постигна и втората победа во квалификационата група за Светското првенство што се игра во Бари, Италија. Попладнево Македонија ја победи Молдавија со 5:2 и успеа да освои шест бодови.

За да го освои второто место и пласман во баражот потребно е на последниот натпревар (почетокот е во 18 часот) во групата Словачка да не ја победи Италија, која е актуелен европски првак.

Во победата на Македонија над Молдавија головите ги постигнаа: Драган Петровиќ, Игор Леовски,  Адријан Мицевски (пенал), Александар Глигоров и Даниел Марињо Де Соуса.

Македонија во квалификационата група во првото коло загуби од Италија (1:6), а во второто ја победи Словачка (2:1).

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска