Македонската футсал репрезентација попладнево ќе игра против Словачка во вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2016 година во Колумбија.
На турнирот што се одржува во италијанскиот град Бари, репрезентацијата на Македонија вчера беше поразена од домаќинот Италија со 6:1, додека денешниот противник на „црвено-жолтите’’ Словачка вчера беше подобра од Молдавија со 3:1.
Натпреварот Македонија – Словачка од 2. коло на квалификациската група 7, ќе започне од 18 часот, а во вториот меч домаќинот Италија ќе игра против Молдавија.
На табела, Италија и Словачка имаат по 2, а Молдавија и Македонија се без бодови. Првопласираните две селекции, од секоја од седумте квалификациски групи, ќе обезбедат пласман во разигрувањето на Мундијалот.