Авионот на Морган Фриман принудно слета

Од:

Приватниот авион во кој бил познатиот американски актер Морган Фриман принудно слета на мал аеродром во американската држава Мисисипи, бидејќи гумите на леталото пукнале при полетувањето, јавија американските медиуми, дополнувајќи дека никој не е повреден.

Според Си-Ен-Ен, инцидентот се случил синоќа, кога авионот полетал од Кларксдејл во Мисисипи, на пат кон Хјустон, а принудно слетал на малиот аеродром во местото Туника.

– Работите некогаш не одат како што сте планирале. На полетувањето пукна гума, што предизвика и други проблеми. Но, благодарејќи на мојот одличен пилот Џими Хобсон, слетавме безбедно, без ниту една гребаница. Тоа не можам да го кажам и за мојот авион, се наведува во изјавата на оскаровецот Фриман.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ