Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија Васко Скендеровски го соопшти спискот на играчи за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство што нашата репрезентација ќе ги игра од 10 до 13.декември во Бари, Италија. Македонија се наоѓа во група со Италија (домаќин), Словачка и Молдавија. На списокот се наоѓа и Бразилецот Даниел Де Соуза, кој во текот на летото го облече дресот на македонскиот футсал шампион Железарец.
Повикани се следниве играчи:
ГОЛМАНИ: Антонио Петровски (КМФ Железарец),Илчо Удовалиев (КМФ Железарец);
ОДБРАНА: Зоран Левески (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Драган Петровиќ (КМФ Железарец), Таулант Исмаили (КМФ Железарец);
НАПАД: Даниел Де Соуза (КМФ Железарец), Орхан Ибиши (КМФ Јувентус Серава), Игор Леовски (КМФ Железарец), Дарко Ранготов (КМФ Железарец), Мартин Тодоровски (КМФ Железарец), Адријан Мицевски (КМФ Железарец), Александар Глигоров (КМФ Железарец), Мартин Мехмединовиќ (Црна Река), Иван Крстевски (КМФ Железарец).
– Не очекуваат три силни натпревари, против три различни и по квалитет и по стил на игра репрезентации. Италија несомнено е фаворит за првото место, а ние нашата шанса за позитивен резултат ќе ја бараме против Словачка и Молдавија. Се надевам дека трендот на позитивни резултати во футсалот кои ја одбележаа 2015 година ќе продолжи и на овој квалификациски турнир. Очекувам дека ќе се вратиме од Бари со позитивен резултат, а тоа е пласман во баражот за СП кое што ќе се одржи наредната година во Колумбија, изјави Скендеровски.
Подготовките стартуваат денеска, а на турнирот во Бари нашата репрезентација во 1.коло игра против Италија, во 2.коло ривал ни е Словачка, а во последното коло ќе играме против Молдавија. Двете првопласирани селекции од секоја група (вкупно седум) ќе играат во бараж дуелите за пласман на СП што ќе се игра во Колумбија во 2016 година.