Блажевски го освои 26. место на 200 метри мешано на ЕП на 25-метарски базени

Од:

Единствениот македонски пливач на Европското првенство на 25-метарски базени што се одржува во Нетанја, Израел, Марко Блажевски претпладнево имаше настап во квалификациите на 200 метри мешано.

Тој го освои 26. место во конкуренција на 42 пливачи, а во својата група беше седмопласиран.

Блажевски имаше време од 1:59.27 минута што беше за 28 стотинки послабо од неговиот и македонски рекорд поставен лани на Светското првенство во Доха. Првопласираниот во квалификациите, Германецот Филип Хајнц имаше резултат 1:53.64 минута.

Блажевски настапот на шампионатот ќе го заврши  утре со настап во квалификациите на 100 метри мешано.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска