Безбедносните сили на Камерун убија околу 100 борци на нигериската исламистичка група Боко харам и ослободија 900 заложници за време на тридневната операција во северниот дел од земјата.
Во соопштението на камерунското Министерство за одбрана се наведува дека „специјалната операција за чистење“ била спроведена во периодот од 26 до 28 ноември против борците на Боко харам во северниот дел на земјата, која граничи со Нигерија.
Во текот на операцијата запленети се знамиња на Исламска држава и „неутрализирани се над 100 џихадисти“.