Стејт департментот ги предупреди граѓаните на САД да не заминуваат за Мали и им даде дозвола на диппломатите и вработените кои имаат второстепени задачи во Амбасадата да отпатуваат од земјата.
Стејт департментот исто така ги повика Американците, кои се наоѓаат во Мали да ги преразгледаат плановите за личната безбедност и доколку можат да ја напуштат земјата.
Во предупредувањето американските граѓани се советуваат да бидат внимателни и да ги избегнуваат местата, на кои се собираат многу луѓе и кои често се посетувани од странци.
Тешко вооружени исламистички екстремисти минатиот месец нападнаа луксузен хотел во главниот град на Мали, Бамако, при што убија 20 лица, вклучувајќи и американски граѓани.
Стејт департментот соопшти дека одреден период американската Амбасада во Бамако ќе извршува само итни конзуларни активности.