Најмалку три лица загинаа денеска во напад врз база на силите за одржување на мирот на ОН во Кидал на северот на Мали, соопшти претставник на ОН.
Според неименуван извор од Мисијата на ОН во Мали, во нападот загинале двајца припадници на ОН и еден цивил.
– Нашиот камп во Кидал рано утрово го нападнаа терористи со ракети, рече претставник на ОН и додаде дека загинале припадници на мировните сили на ОН од Уганда.
Друг неименуван извор од ОН изјави дека во нападот се повредени 14 лица.
Северен Мали речиси цела 2012 година беше под окупација на исламистички борци, меѓу кои некои се поврзани со Ал каеда, а протерани се со воена операција на чело со Франција, но насилството продолжува.