Полициска патрола во Сиднеј реагираше на пријава од совесен граѓанин, кој слушнал како негов сосед гласно се заканува со смрт и како од неговиот стан се слуша „летање на мебел“.
Човекот кој се јавил во полиција рекол дека станува збор за семејно насилство, бидејќи се слушале „женски врисоци“ и машки закани: „ќе те убијам“.
Кога полицајците, околу 2 часот по полноќ, пристигнале на посочената адреса, во станот нашле еден маж кој бил видно потиштен. Тој бил вцрвенет во лицето и задишен кога ја отворил вратата.
– Каде Ви е сопругата, прашал еден од полицајците.
– Немам, одговори „осомничениот“.
– Каде ви е девојката, прашал полицаецот
– Немам ни девојка, одговорил човекот.
Полицијата потоа му објаснила дека примиле повик за сомнеж за семејно насилство и за врева и закани за убиство.
На ова мажот засрамено признал дека „имал пресметка“ со пајак и тоа „многу голем“.
– Извинете, јас викав, јас навистина се плашам од пајаци. Го бркав безуспешно по станот со спреј, ијзавил тој.
Полицијата на крајот сепак го пребара станот и не пронашла ништо.