Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) екипата на Кожув, попладнево гостува во Бар, Црна Гора, на мегдан кај Морнар.
Во натпревар од 4.коло на групата „А“ гевгеличани ги очекува тежок предизвик во обидот на црногорскиот тим да му го нанесе првиот пораз оваа сезона во БИБЛ.
На првиот дуел одигран во Гевгелија на 14 октомври Морнар победи со 79:63.
Kожув, на изминатите три средби оствари само една победа и тоа на домашен терен против бугарскиот тим Берое, а покрај поразот од Морнар, гевгелиската екипа загуби и од актуелниот шампион во БИБЛ, Сигал Приштина.
Почетокот на натпреварот Морнар – Кожув е закажан за 18 часот и 30 минути.