Руската воена кампања во Сирија има добри резултати согласно целите кои ги поставивме, но е неопходна следна фаза од операцијата, изјави за време на видео-конференција со високи воени претставници денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Постигнатото се уште е недоволно за прочистување на Сирија од бунтовници и терористи и за заштита на руските граѓани од терористички напади, рече Путин.
– Ни претстои многу работа и се надевам дека следните фази ќе бидат остварени на истото високо професионално ниво и ќе доведат до резултат, додаде Путин.