Киев: Сепаратистите подготвуваат офанзива во Донбас

Од:

Украинското разузнавање соопшти дека има сознанија оти проруските сепаратисти со помош на воени експерти од Русија, подготвуваат офанзива во реонот на Донбас, јави украинската агенција Укринформ.

– Забележавме неколку знаци кои укажуваат на подготовки за офанзивни акции, изјави раководителот на Разузнавачкиот оддел при украинското Министерство за одбрана, Вадим Скибитски.

Во изјава за украинската телевизија ДТ.УА, Скибитски нагласи дека разузнавачите регистиррале и присуство на руски воени офицери во деловите од регионите Доњецк и Луганск, што се под контрола на сепаратистите.

– Таму се присутни воени команданти со различни чинови на руските Вооружени сили, додаде Скибитски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство