Голем договор со Путин против Исламска држава

Од:

Хафингтон пост – Њујорк 

Она што следува не е многу убаво. Но, тоа може да се покаже како најдобрата можност во една криза без добри опции.

Рускиот претседател Владимир Путин не крие дека би сакал некаков политички договор со Западот. Германското списание „Шпигел“ објави протечен руски официјален меморандум во кои се определуваат рамките за предложениот голем договор, според кој Путин го трга настрана својот близок сојузник – сирискиот претседател Башар Асад, во корист на друг проруски режим кој можеби ќе претсане да си го убива сопствениот народ. Во замена, Западот треба да го признае она кое е јавна тајна веќе неколку децении – дека Сирија е руска сфера на влијание во арапскиот свет.

По тоа, САД, Русија, Иран и останатиот дел од големата коалиција можат да се справат со обемната задача да ја елиминираат или помалку драстично да ја ослабат Исламската држава. Прогресот кон отстранувањето на Асад беше забележан на стратешката конференција за Сирија, која минатата недела се одржа во Виена, во која учествуваа високи дипломати од САД, Русија, Ирак и уште неколку држави.

До атентатите во Париз, Западот не пројавуваше речиси никаков ентузијазам за таков чекор. Во краен случај, Путин е гангстер, кој ја поведе Русија на експанзионистички пат. Од друга страна, можеби еден голем договор со Путин против ИД и не е толку налудничава идеја.

Како дел од таквиот договор, САД и Русија треба да постигнат извесно разбирање како да ја стабилизираат ситуацијата во Украина, веројатно ако се признае руската сфера на влијание во источниот дел од земјата. Тоа исто така не е убаво.

Но, потоа големите сили ќе добијат реална шанса да ги повратат  територии во Сирија и Ирак што ги контролира ИД и да воспостават стабилност во Сирија. Тоа од своја страна ќе го намали приливот на бегалци, кој сега ја заплиснува Европа и ги засилува гласовите на екстремно десните партии и го поткопува поредокот на Европската унија. Можеби сепак и таквиот договор не е толку лош.

Во моментов, САД, Русија и во извесна мерка Иран, водат, секоја за себе, неусогласени воени дејствија против ИД, наместо да соработуваат. Тоа е чисто безумие.

Значи ли тоа дека ќе го отфрлиме нашето ветување за една демократска Сирија? Не дека некои од режимите на Блискиот Исток се демократии од типот „Џеферсон“ или пак дека имаат шанса да станат такви во догледна иднина.

За време на Втората светска војна, САД и многу порепресивната советска Русија беа сојузници против уште полошиот нацистички режим. Ние им предложивме на Советите помош за да им помогнеме да го уништат Вермахтот по најгрубата грешка на Хитлер – навлегувањето во Русија.

Кога почна да се надѕира крајот на војната, британскиот премиер Винстон Черчил поведе иницијатива за конференција на Јалта во февруари 1945 година за договарање на сферите на влијание, признавајќи ги претензиите на Сталин за вазални држави на СССР крај неговите граници. Тоа исто не беше убаво, туку баш скандалозно.

Тоа што Западот не и го даде на Русија, Сталин си го зеде со воена окупација. Но, алтернативата веројатно беше преод од исцрпувачката војна против Хитлер кон реална војна против Сталин. Никој не го сакаше тоа. Неопходни беа уште 40 години за да се дојде до конечнот крах на комунизмот.

Черчил имаше навика да прави слчни зделки. По Првата светска војна имено тој го прекрои Блискиот Исток и ги создаде сегашните шеикати и кралства: делумно од геополитички причини, а делумно за да се склучат зделки меѓу вазалните држави и западните нафтени компании. Тоа исто не беше никако убаво и тоа подготви почва за голем дел од денешните антизападни бунтови во регионот. И ете како нештата се повторуваат.

Во таканаречеата „реалполитика“ има некои грозни и не толку грозни варојанти. Блискоисточниот империјализам на младиот Черчил беше развратност, последица која Западот сега ја преживува како бумеранг речиси еден век подоцна. По договорот од Јалта во 1945 година, Западот на Сталин можеби му даде и повеќе територии отколку што требаше.

Од друга страна, воениот сојуз со несаканиот советски диктатор беше апсолутно неопходен за да биде победен Хитлер. А тоа пак не враќа кон Путин.

Некои коментатори, меѓу кои е и експертот за Русија Стивен Коен, сметаат дека Западот ја носи најголемата вина за тоа што сега Путин ни е непријател. Русија, според Коен, има законски интереси во сферата на безбедноста, како и секоја друга голема сила. Од гледна точка на Русија, проширувањето на НАТО до самите руски граници и конспиративната смена на промосковската влада во Киев со беспричински провокации. Заради тој став Коен беше анатемисан како во левичарски, така и во десничарски публикации.

Јас не се согласувам со анализата на Коен, но тој е во право само во едно. Русија и САД имаат некои потенцијално заеднички интереси.

Терористичките напади во Париз покажуваат дека ИД и нејзините локални симпатизери се во состојба да удрат по цивилни цели, кога тоа ќе им се посака. За разлика од Ал Каеда, ИД е делумно децентрализирана и е многу потешко за полицијата и разузнавањето да ја инфилтрираат или следат.

Од друга страна, фанатиците ја имаат склоноста да претераат, точно како што Хитлер катастрофално претера кога влезе во советска Русија. Со своите последни дејствија ИД исто претера.

Во последниве недели, ИД или нејзини симпатизери покрај варварски напади во Париз, урнаа и руски цивилен авион и нападнаа кварт во Бејрут, контролиран од Хезболах. Тоа може да се совпаѓа со изопачената претстава на ИД за светот, но е дефинитивно показ за стратешко безумие. Не можеш секого да напаѓаш без да ги обединиш сите против себе.

Не е случајно што меморандумот на Путин протече во германското списание. Канцеларот Ангела Меркел, која пораснала во окупираната од Советскиот сојуз, Источна Германија, добро зборува руски. Путин, пак, кој беше агент на КГБ во Германија, добро зборува германски. Двајцата лидери разговараат барем еднаш неделно. Идејата за таков голем договор со сигурност е привлечна за Меркел, затоа што бегалската криза се повеќе се заканува на нејзиното лидерство во Германија.

Но, голем договор е се уште далечна реалност. Од внатрешно-политичка гледна точка, првичната последца ќе биде негодување од страна на десницата. Но, ако резултат од тоа биде сопирање на граѓанската војна во Сирија, ако бидат повратени заземените територии од ИД во Сирија и Ирак, ако биде запрена бегалската криза и биде ослабната способноста на ИД да му се заканува на Западот, исвиркувањата може да прераснат во повици за добредојде.

Во земја како нашата, која високо ја цени демократијата, таков тип на реалполитика никогаш не е убав. Освен тоа, може да биде или добро или лошо остварен. Тој има стратешка смисла само кога сите други опции се полоши.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска