Русија и Кина потпишаа договор, според кој Пекинг ќе купи 24 воени авиони од типот „Су-35“, соопштија денеска претставници на руската државна корпорација „Ростек“.
Западни медиуми јавуваат дека потпишаниот договор е вреден повеќе од две милијарди долари.
Со потпишување на документот Кина е првата држава која ќе ги купи руските авиони „Су-35“.