САД не ги координираат воените дејствија со Русија против ИД, но би можеле во иднина

Од:

САД моментно не ги координираат своите воени дејствија со Русија против терористичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, но не исклучуваат таква можност во иднина, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Керби.

Тој ја коментирал изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд за неопходноста од создавање голема антитерористичка коалиција со учество на водечките западни држави и Русија.

– Во последните денови Русија изврши напади во Рака, каде се концентрирани борци на ИД и ние го поздравивме тоа, истакна Керби.

Според него, заеднички дејствија се можни само доколку Русија навистина се бори против ИД, а не против сириската опозиција.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски