Рајан Гослинг ги потврди гласините за неговата главна улога во долгоочекуваниот филм „Блејд Ранер 2“, продолжение на трилерот со Харисон Форд од 1982.
– Да, вистина е, тоа е многу возбудливо, но не смеам многу да откривам, изјави Рајан.
Рајан потенцира дека можноста да работи со режисерот Денис Вилнев и снимателот Роџер Дикинс го „убедила“ да ја прифати улогата.
Имено, наредната година во кината ќе почне да се прикажува филмот „Фините момчиња“ во кој Гослинг глуми со Расел Кроу, под режисерка палка на Шејн Блејк.
– Расел Кроу е многу духовит во филмот и едвај чекам публиката да ја види таа негова страна. Навистина е забавен и „луд“, истакна Рајан.