Русија извела поголем број воздушни напади врз упориште на ИД во Сирија – Рака

Од:

Во текот на последните неколку часа Русија извела значителен број воздушни напади врз упориште на Исламска држава во Сирија – градот Рака, изјави американски официјален претставник, цитиран од француските медиуми.

Русите за тоа претходно ги информирале Американците. Можно е нападите да биле изведени и со стрелање ракети од море и со бомбардери со голем опсег на дејствија.

Франција, исто така,  ја бомбардира Рака во текот на изминатата ноќ, вторпат во последните 24 часа.

Истовремено, воената коалиција предводена од САД, извела 23 воздушни напади врз цели на ИД во Сирија и Ирак, вклучувајќи и нафтени инсталации, што групата ги користи, информира командата на операцијата, цитирана од британските медиуми.

Во шест напади во близина на три сириски града погодени биле борбените позиции и нафтената инсталација кај Абу Камал, како и три нафтени инсталации кај Деир аз Зур.

Во Ирак, пак, во 17 напади крај шест града погодени биле мноштво цели, вклучувајќи и борбени позиции, патишта, тактички позиции и штаб на ИД во Синџар.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска