Нови 36 медали освоија младите каратисти од карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци на Меѓународниот натпревар „13 Ноември”, што вчера се одржа во спортската сала на Факултетот за физичка култура и здравје во Скопје. За ова денеска информираше тренерот Ивана Аврамова.
– На натпреварот учествуваа 261 натпреварувачи од 32 клубови од Македонија, Србија и Бугарија. Карате клубот „Урбан инвест” со освоени 15 златни, 10 сребрени и 11 бронзени медали се пласираше на првото место од 32 клубови. Покрај пласманот на првото место по број на освоени медали, КК „Урбан ннвест” доби пехар за најбројна екипа на натпреварот, соопшти Аврамова.
Таа нагласи дека КК „Урбан инвест” во 2015 година учествуваше на пет меѓународни натпревари во Македонија и на сите освојуваше прво место.