(ВИДЕО) Мадона со солзи на концерт: Да не им дозволиме да не уплашат и да ни ја одземат слободата

Од:

На концеротот во Стокхолм, Мадона со солзи се осврна на нападите во Париз и во емотивниот говор пред нејзините фанови кажа дека сакала да го откаже настапот, но се предомислила.

-Тие сакаат да не замолчат, ама нема да им дозволиме. Тука сме да им го докажеме тоа. Јас верувам дека покрај многу хаос и тероризам во светот, има и многу добрина во овој свет. Сакав да го откажам концерот, но потоа си реков, зашто да им го дозволам тоа, зошто да ме запрат мене, сакам да уживам во слободата, рече Мадона.

На сите места каде беа убиени луѓето, тие ја уживаа слободата, јадеа во ресторани, гледаа фудбал, играа, се забавуваа, тоа е слободата, што ја заслуживме, работиме напорно за неа и заслужуваме забава. Тоа е слобода која нема да дозволиме да ни ја одземат, рече таа.

Има луѓе кои немаа респект за човечкиот живот, но нема да го промениме светот ако не се промениме самите, ако не ги промениме односите едни спрема други секој еден ден. Светот не се менува со нов претседател, со убиства на стотици луѓе, туку со промена на односот едни кон други, ние мора да почнеме секое суштество да го третираме со почит и тоа е единствената шанска за овој свет да се промени.

Не го заборавајте она што се случи во Париз. Трагични убиства, терористички напади и бесмислено завршени скапоцени животи- тоа се случи синоќа во Париз. На многу начини, се чувствувам повредена .

Тешко е да се сака тоа што е различно од нас и не го разбраме, но ќе мораме тоа да го направиме, рече Мадона и повока на едноминутно молчење за жртвите во Париз и нивните семејства по што заседно со публиката ја испеаја „Like a prayer“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски