Системот за антитерористичка заштита во Русија е во состојба на готовност

Од:

Системот за антитерористичка заштита во Русија е во состојба на готовност по нападите во Париз, соопшти Националниот антитерористички комитет (НАК), јави ТАСС.

„Надлежните органи на нашата држава преземаат соодветни мерки за гарантирање на антитерористичката заштита и безбедноста на граѓаните. Во светло на новите закани, сите делови на системот за гарантирање на безбедноста се во состојба на зголемена готовност”, се вели во соопштението.

Откако изрази длабоко сочувство на сите француски државјани и на роднините на загинатите, НАК ги повика сите руски граѓани да покажат голема одговорност и внимателност пред новите предизвици и закани од страна на меѓународните терористички организации.

„Сплотеноста на државата и граѓаните е единствениот начин адекватно да се спротивставиме на терористичките закани”, нагласува НАК на Русија.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска