Новиот албум на групата „The Cult“ на 5. февруари

Од:

Британскиот хард рок бенд „The Cult“ ќе го објави десетиот студиски албум на 5 февруари следната година под наслов „Hidden City“.

– Финалниот дел на трилогијата која ја сочинуваат албумот „Born Into this“ од 2007 година и „Choice of Weapon“ од 2012 година, „Hidden City˝ тесно е поврзана со серија искуства и визии подвлечени со темата искупенение и повторно раѓање низ музика својствена на „The Cult“, се наведува во соопштението на издавачката куќа „Lampshade Media“.

Тргнувајќи од шпанската фраза  ˝Ciudad Ocultad˝ или „ ˝Hidden City˝, албумот рефлектира будење совест со својот тон и комплексност.

„Hidden Sity“ е метафора за нашите духовни животи, нашите интимни внатрешни животи, објасни фронтменот на групата Ијан Астбери.

– Видов дека денешните гуруа се обидуваат да нудат некои еликсири, произведи, како да е тоа нов феномен. Мојата улога е да одговорам, не да реагирам, да набљудувам, учествувам и ширам низ зборови и музика, додаде тој.

Некои од најпознатите албуми на овој бенд се  ˝Love˝,  ˝Beyond Good & Evil˝.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски