Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство поради монструозните терористички напади во Париз и му упати зборови на солидарност на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Случувањата во Париз се монструозни, Русија сочувствува со патењето на Франција, рече портпаролката на рускиот министер за надворешни работи, Марија Захарова.
-Читаме страшни вести од Париз. Бројот на мртвите во експлозиите расте. Земањето заложници во театарот е монструозно, напиша Захарова на својот профил на Фејсбук.