Жителите на Париз со користење на hashtag #PorteOuverte, што во превод значи “отворени врати”, на Твитер им нудат засолниште за сите туристи кои останаа заробени во делови од градот по прогласување на вонредната состојба.
Тие со точни податоци за сите делови на Париз, на туристите кои се затекнале во хаосот со терористичките напади, им нудат засолниште и сигурност во текот на оваа ноќ.