Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека воздушните напади на Военото воздухопловство на Русија во Сирија, ќе траат се додека тоа биде неопходно за поддршка на операциите на сириската армија „против терористите“.
Во изјава за руски и турски медимуи пред заминувањето на Самитот на Г-20 во Анталија, Путин нагласи дека руските авиони имаа „јасна задача да ја поддржат офанзивата на сириската армија против терористите“.
– Колку време ќе останат нашите сили (во Сирија), ќе зависи исклучително од исполнувањето на таа цел, изјави Путин.
Тој притоа ги отфрли како неосновани обвинувањата на САД и нивните сојузници дека руските борбени авиони главно ги напаѓаат припадниците на „умераната“ опозиција, кои се борат против силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад, а не како што тврдат борците на џихадистичката група Исламска држава.
Путин при тоа уште еднаш го потврди рускиот став дека за судбината на Асад треба да решаваат самите Сиријци.