Железарец во борба за второто место во групата Б на Футсал купот на УЕФА

Од:

Македонскиот првак во футсал Железарец има одлична шанса да го освои второто место во групата Б од „елитната фаза“ на Футсал купот на УЕФА. Во оваа фаза на натпреварување играат 16-те најдобри екипи од Европа.

Железарец вчера во дуелот од 2.коло ја победи екипата на Тулпар со 6:4 во натпревар со пресврти. По водството на Железарец од 2:0, ривалот поведе со 3:2 и 4:3, но сепак нашиот шампион успеа да стигне до триумф од 6:4. На вториот дуел од групата домаќинот Пескара го совлада белгискиот тим Хале Гоик со 4:2. Денеска во рамките на групата Б во Пескара е слободен ден.

По двете одиграни кола Пескара го обезбеди првото место и пласман на завршниот турнир каде ќе играат победниците на четирите групи.

Железарец со три бодови се наоѓа на второто место на табелата, додека Тулпар и Хале Гоик имаат по еден бод. На нашиот тим потребно му утре во рамките на последното коло да не го загуби дуелот и со тоа ќе го потврди второто место во групата.

Почетокот на дуелот Железарец – Хале Гоик е во 17:30 часот, а потоа следи и последниот натпревар Пескара – Тулпар.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска