Европската унија и земјите од Африка усвоија заеднички План за дејствување во борба против миграциската криза, изјави денеска европски дипломат по завршувањето на дводневната средба на високо ниво ЕУ-Африка во главниот град на Малта.
ЕУ ќе создаде специјален фонд за Африка со цел да се надмине миграциската криза во износ од 1,8 милијарди евра.
– Оваа сума е минимална и ќе биде зголемена, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.