Каталонските сепаратисти ќе го игнорораат шпанскиот Уставен суд

Од:

Каталонските партии кои заговараат отцепување на овој регион од Шпанија, соопштија дека ќе продолжат со плановите за прогласување независност, во следните 18 месеци, игнорирајќи ја суспензијата на Уставниот суд на Шпанија.

Каталонскиот потпретседател, Неус Мунте изјави дека „политичка воља на регионалната влада е да се продолжи“ со исполнувањето на предлог-планот усвоен во понеделникот, во регионалниот Парламент во Барселона.

Каталонските сепаратисти се уверени дека шпанскиот Уставен суд ќе пресуди во полза на владата во Мадрид, но тие ја отфрлаат неговата одлука како „нелегална“.

Според толкувањето на сепаратистите, Уставниот суд „нема легитимност“ да го блокира процесот за независност на Каталонија.

Политичките лидери кои заговараат сецесија, најавуваат дека во рок од 30 дена ќе отпочнат со иницијативата за изработка на „каталонски устав“ како и за уредување на посебен финансиски и социјален систем.

Реакцијата на каталонските сепаратистички партии доаѓа по решениет на Уставниот суд на Шпанија да го суспендира нацрт-планот за независнст на овој шпански регион и да отвори постапка за испитување на уставноста не нивното решение.

Судот ги предупреди водечките лидери на Каталонија на правните последици од непочитувањето на неговата одлука за суспензија на предлог-планот.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Каталонци се за организирање референдум за независност, но се длабоко поделени околу отцепувањето.

Каталонија е региони во североисточна Шпанија, со површина од 32 илјади квадратни километри и во него живеат 7,5 милиони луѓе.

Регионот важи за еден од најразвиените во земјата, учествувајќи со 18,8 отсто во формирањето на брутон националниот производ на Шпанија.

Последните податоци покажуваат дека невработеноста во Каталонија изнесува 19 отсто, што е помалку од просекот на земјата, кој изнесува 21 отсто.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата