Русија предлага процес на уставни реформи во Сирија

Од:

Во ОН циркулира руски документ во кој се предлага процес на уставни реформи во Сирија, како дел од мировниот план на Москва решавање на конфликтот во оваа блискоисточна земја, пишуваат странските медиуми.

Тој процес би траел 18 месеци и би завршил со претседателски избори.

Во документот нема ништо за тоа дали претседателот Башар ал Асад би останал на функцијата во тие година и половина од процесот за реформи.

Рускиот документ предлага сириските опозициски групи да учествуваат во „клучните разговори„ во Виена, што се закажани за сабота.

Според руското Министерство за надворешни работи, сега е најважно на следните разговори во Виена да се утврди кои од опозициските групи ќе бидат определени како партнери во процесот на уставни реформи, а кои ќе се бидат означени како терористи и неприфатливи.

Нацрт-предлогот на Русија од осум точки, не го отфрла учеството на Асад во изборите, што, меѓутоа, е неприфатливо за неговите непријатели кои сметаат дека неможе да има мир во Сирија, со него на челото на земјата.

Рускиот документ се појави во ОН во време на засилено зацврстување на позициите на Асад и по напредувањето на сириската армија на фронтот, која после подолги борби успеа да ја скрши опсадата на базата во реонот на Алепо, кое важи за силно упориште на џихадистите на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија