Турските граѓанин е убиен, а еден полицаец е ранет во бомбашки напад во југоисточна Турција врз оклопно полициско возило, зад кој стојат курдските бунтовници, јавија турските медуми.
Нападот бил извршен во регионот на градот Даргечит, во округот Мардин.
Додека минувал полицискиот автомобил бил активиран автомобил-бомба, за која било утврдено дека е украдена пред 20 дена. Во тек е операција за пронаоѓање на сторителите.
Во друг напад на ПКК синоќа во градот Силопи, во округот Мардин, беа убиени тројца полицајци врз чие возило бил отворен оган.
Во градот Силван, кој деновиве е погоден од судири, еден војник е убиен, а едно дете е рането.