Со отворањето на Чомолангме, Тибет но и целиот свет го добија највисокиот Национален парк.
Паркот го добил името по тибетското име за Монт Еверест кое во превод значи „мајка на универзумот“.
Во неговите граници се наоѓаат планини повисоки од 8.000 метри, а највисокиот – Еверест е на 8.848 метри.
Исто така опфаќа и 10 планини чии врвови се повисоки од 7.000 метри.
Паркот покрива 78.000 километри квадратни и се простира на шест области на регионот Шигаце.
Чомолангма е третиот национален парк на Тибет, покрај Намцо и Јарлунг Замбо.