Русија „труби“ за своите успеси во Сирија

Од:

Тан – Берн

По еден месец бомбардирања, Москва објави „успешно“ сумирање на своите операции во Сирија. САД се принудени да реагираат.

Така раскажана ефикасноста на војната е зрело впечатлива. Минатиот вторник, началникот на рускиот генералштаб, Андреј Картаполов, ги опиша „успесите“ на воздушните удари кои започнаа на 30 септември: рѕските авиони униптиле 2,084 иснаталции на терорстите (те. на организацијата исламска држава, и на Фронтот Ал Нусра, сирискиот клон на Ал Каеда), 287 комнанди центри, 52 кампови за обука и 155 складишта со оружје.

Никогаш досега, откако Русија се вклучи во конфликтот во таа земја на страна ан сириската армија на Башар Асад, тонот не бил толку триумфален. Нештата се сосема јасни, како што резимираше командантот на руските операции во Сирија: За нешто повеќе од еден месец, Русија ги постигнала сите поставени цели. „Ние успеавме да го дезорганизираме системот на на терористичката команда, да нанесеме тешки загуби и да ги срушиме борбениот дух на терориетите, како и да ги убедиме оние кои ги поддржуваат (поточно земјите од Персискиот Залив) дека продолжувањето на финаисрање на тие злосторници е безполезно“.

Една третина од убиените се цивили

Тие воени постигнувања не беа потврдени од друг извор. Тие се дури и во директна спротивност со други обиди за прифаќање на резултатите кои се постигнати во последниве денови. Сирискиот центар за следење на човековите права (СЦСЧП) чии податоци вообичаено се сметаат за веродостојни, спомнува скоро 600 загинати како резултат на руските операции, од кои една третина се мирни граѓани – најмногу жени и деца. Споредувајќи податоци од сите извори, Институтот за проучување на војната потврдува дека бомбардирањата на руската авијација продолжуваат да се концентрираат во регионите кои се заземени од сириските бунтовнички групации, а не од Исламска држава (или Даеш според арапски акроним).

Овие податоци кои се спротивставени на руските тврдења немаат големо значење. Нема значење и фактот што на терен Исламска држава продолжува да напредува и во последниве денови го презеде малиот град Махијин во провинцијата Хомс, како и некои села во близина на северниот град Алепо. „Напредуваме според планот“, упорно тврди руски дипломатски извор кој одблизу ја следи темата, но не е овластен да зборува јавно. „Нашата армија си ја врши работата, а нашите дипломати си ја вршат својата“.

Де факто Русија беше на првата линија во организирање на повеќестраната средба во Виена, која ветуваше дека ќе ги собере околу масата за преговори главните меѓународни играчи во тој конфликт, вклучително и Иран. Овој обид во моментов е во почетен стадиум и Техеран дури се заканува дека ќе се повлече заради недостиг на разбирање со нејзиниот „архисоперник“ Саудиска Арабија. Но Русија планира да продолжи упорно да притиска и наскоро да органиизра и други средби во Москва.

Информации добиени од сириската „опозиција“

Покрај тоа, потхранувајќи ја илузијата дека тие го водат балот на кој сите учесници играат еден ист танц, имено токму таа борба против „терористите“, на 2 ноември руските претставници понудија два сосема нови дополнителни елементи: прво, тие навестија создавање на сосема нова форма на соработка со меѓународната коалиција, предводена од САД. Кава е нејзината цел? прифаќањето на процедура за избегнување на судир меѓу руски и американски авиони во сирискиот воздушен простор, кое денес е презаситено со воена авојација.

Вториот елемент: истиот генерал Андреј Картаполо најави дека руската армија ја искористила добиената информација од „сириската опозиција“ и нејзините странски поддржувачи за успешно да ги оствари своите цели. Подвлекување: надвор од „терористите“ и нивните поддржувачи од странство, сириската опозиција навистина постои и е подготвена да застане зад Москва.

Руското дејствување кое трае веќе еден месец, изгледа ја принудило американската админстрација да реагира. најавувајќи дека од сега па натаму поддршка за армијата наречена Сириски демократски сили, кои во суштина се составени од целосно курдски борци, САД размислуваат за испраќање на елитни војници на терен. Нивниот број останува ограничен (неколку десетици) но сигналот е спротивност на ветувањата кои досега ги даваше Барак Обама, вклучувајќи и секакво присуство на американски копнени сили на теренот.

Во таа лажлива игра покер се запишува и друга руска декларација, исто составена на 2 ноември: останувањето на Башар Асад на власт (не е принципиелно прашање“, изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Така изгледа дека таа се тргнува настрана од досегашната офицвијална руска позиција. Со други зборови, руските дипломати сеуште кријат неколку зајаци во шапките.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија