Воената авијација која е под контрола на сирискиот претседател Башар ал Асад го бомбардираше предградието на Дамаск, Харат ал Швам, упориште на бунтовниците.
„Тенкови се распоредени околу Харат ал Швам, но не успеаја да влезат во градот. Тоа се обидоа да го направат и минатата недела, но безуспешно“, изјави еден од активистите.
Последниот ден на примирјето е одбележано со воздушни напади и вооружени престрелки од двете страни, ширум земјата, пренесува Ројтерс.
Истовремено, агенцијата Анадолија, пренесува дека турската војска била принудена повторно да одговори на оган од Сирија.
Бомба паднала на 300 метри од градчето Бесалан, кое се наоѓа на турската границата со Сирија.