Зголемен бројот на работници во индустријата во септември

Од:

Бројот на работници во индустријата во септември е зголемен за 1,2 проценти во однос истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст има во секторот Преработувачка индустрија од 1,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4 проценти, додека намалување на бројот на работници има во секторот Рударство и вадење камен за 2,8 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците е зголемен кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти и Капитални производи за 16,8 проценти, а опаѓање кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,6, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 проценти и Енергија за 1,7 проценти.

Во периодот јануари – септември бројот на работници во индустријата е зголемен за 1,7 отсто во споредба со истиот период 2014 година.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто