Кејт Миделтон го засени „Џемс Бонд“

Од:

На премиерата на новиот филм за Џемс Бонд, „Spectre“ во Лондон, наместо актерот кој го толкува славnиот агент – Даниел Крејг, главна ѕвезда беше војводката Кејт Мидлтон.

Имено, како што објавија британските медиуми, при пристигнувањето на премиерата Крејг позираше во придржба на неговите партнерки од филмот Моника Белучи и Леа Сејду, но сите тие паднаа во сенка кога на црвениот тепих се појави Кејт Мидлтон во придружба на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.  

Кејт на премиерата се појави во светло син фустан, кој го откриваше нејзиниот гол грб, па таблидите забележаа дека војводката не носи градник.

Инаку, во новиот филм за Џемс Бонд, покрај веќе споменатите Крејг, Белучи и Сејду, се појавуваат и Кристоф Валз во улогата на главниот негативец, како и Ралф Фајнс, кој повотрно го толкува ликот на М.

Филмот, чиј режисер е Сем Мендес, беше сниман во Велика Британија, Австрија, Мексико и Мароко.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ