По серијата скандали што се случија на трката за Големата награда на Малезија кога Валентино Роси го истурка од патеката Марк Маркез, откако Шпанецот за време на целата трка го провоцираше и му правеше опструкции, Италијанецот најави дека ќе го бојкотира финишот од сезоната, бидејќи беше казнет со префрлање на последната позиција на трката.
Попладнево Роси се огласи на Твитер и сепак потврди дека ќе вози на трката во Шпанија. Притоа им се заблагодари на навивачите кои му дадоа поддршка.
Иако Роси беше виновен за инцидентот, бидејќи со ногата го оттурна Маркез во Малезија, многумина застанаа на страната на италијанскиот ас со оглед на фактот дека возењето на Шпанецот лесно може да се окарактеризира како неспортско.
Се претпоставува дека со однесувањето Маркез се обидувал да му помогне на сонародникот Лоренцо така што ќе го исфрли Роси од трката, но на крајот испадна самиот тој, а Италијанецот беше казнет.
Валентино Роси има 312 бода во генералниот пласман, Хорхе Лоренцо има 305 и доколку освои едно од првите две места, Италијанецот е сигурно шампион.
Трката во Валенсија на програмата е на 8 ноември.