Повеќе од 70 проценти од вкупно 72.000 анкетирани Кинези изјавиле дека не се задоволни од својот сексуален живот, наведувајќи ги стресот и депресијата како главни причини за тоа.
Тие сметаат дека брачната хармонија би придонеле значајно овој проблем да се ублажи, но повеќето од нив одлучиле подобрувањето да го бараат со употреба на средства од традиционалната медицина, или, поретко, купувајќи вијагра.
Како што денеска пренесува високотиражниот весник Чајна тудеј, биле анкетирани луѓе на возраст меѓу 26 и 55 години. Од нив 60 посто биле мажи, а над половината се службеници. Истражувањето од јуни до крајот на август годинава го организирала секцијата за андрологија при кинеската медицинска асоцијација, која во првите заклучоци наведува дека огромен дел од луѓето што не биле задоволни од својот сексуален живот „лек’’ побарале во цигарите и алкохолот, но тоа им правело проблеми во спиењето. Кон ваквата „компензација’’ на сексуалниот живот се преориентирале 65 посто машки и 40 посто женски учесници на анкетата.
Угледен кинески психијатар Лиу Дефенг тврди дека кинезите се срамат пред лекарите да ги изнесат проблемите што ги имаат на овој план. Тој тврди дека само 7 посто од мажите со дифункција на ерекцијата побарале лекарски совет, а само половината од нив одлучиле подобрувањето да го направат употребувајќи вијагра. Тој кинеската состојба ја споредува со истиот проблем во САД, каде што биле регистрирани околу 30 милиони лица со сексуална дисфункција, а 23 милиони употребуваат вијагра,
Професорот Дефенг изјави дека роблемот мора да се третира како многу сериозен, бидејки незадоволството од сексуалните активности предизвикува ментални и физички здравствени проблеми, а директна последица е и нарушување на семејната хармонија и среќа на партнерите.