Најмалку 30 луѓе загинаа во судири меѓу сириски бунтовници и курдски милиции во северниот град Алепо, соопшти вчера сириската невладина организација со седиште во Лондон.
Најновите борби предизвикуваат стравувања дека во Сирија може да се отвори уште еден фронт.
Судирите меѓу сириските бунтовници и припадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК) почнаа вчера во квартот Ашрафиех, во Алепо. Сириската органзаиција тврди дека истовремено во судирите во Алепо се заробени 200 луѓе.
Квартот Ашрафиех моментно се наоѓа под контрола на курдски милиции.
Курдското малцинство во Сирија за време на граѓанската војска остана воглавно неутрално, но новите судири во Алепо предизвикаа загриженост оти можно е да биде отворен нов фронт.