Новиот сингл на британската пејачка Адел под наслов „Hello“, потсети на неколку други песни со истиот популарен англиски поздрав, пишува лондонски „Гардијан“.
Битлси, Дорс, Оејзис, Елтон Џон, Бијонсе, Ајс Кјуб и уште неколку пејачи и групи имале своја песна „Hello“.
Сепак, најпознатата, барем за оние кои денеска имаат повеќе од 40 години, е „Hello“ на Лајонел Ричи од 1984 година, која беше огромен светски хит.
По излегувањето на синглот на Адел, американскиот пејач на британската колешка преку Твитер и испрати порака со првиот стих од својата песна: „Здраво Адел, мене ли ме бараш?“ (Hello Adele, Is it me you’re looking for?).
„Hello“ на Адел е прв сингл од нејзиниот нов албум „25“, што во продажба ќе се најде на крајот на ноември.