Американската пејачка Лејди Гага снима втор џез албум.
Оваа вест ја потврди познатиот музичар Тони Бенет кој минатата година сними албум со Лејди Гага „Cheek to Cheek“, кој се најде на врвот на американската Билборд 200 листа.
– Да работиме на нов албум, рече Бенет за сајтот „Вултуре“. На албумот ќе се најдат сите песни на Кол Портер, многу се забавуваме работејќи со него.
Лејди Гага исто така работи и на својот петти студиски албум.