Даниеле Педроса доминираше на квалификациите за утрешната Голема награда на Малезија во Мото ГП шампионатот.
Тој имаше речиси половина секунда подобро време од својот тимски колега на Хонда, Марк Макрез.
1:59.059 беше времето на Дани, додека Маркез заостана четири стотинки на второто место.
Валентино Роси Ќе стартува пред својот тимски колега од Јамаха, Хорхе Лоренцо на третото место.
Петтото место му припадна на Кал Крачлоу, а по него следуваа двајцата возачи ан Дукати, Андреа Ианоне и Андреа Довициозо.
Во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот води Валентино Роси со 296 бода, пред тимскиот колега Хорхе Лоренцо со 11 бода помалку.