Вооружени исламисти од групата „Боко харам“ утринава го зазеле камерунскиот град Керава, што се наоѓа во најсеверниот дел на земјата, на границата со Нигерија, соопштија француските медиуми.
-„Боко харам“ од утринава го контролира Керава, информира извор близок до локалните власти.
Според него, во денешниот упад на исламистите има и убиени цивили.
Изворот наведува дека во Керава се упатени единици на камерунската армија, но засега не се знае дали во градот се водат борби со исламистите.
Извор од безбедносните служби изјави дека вчера во џамија биле убиени 11 лица, но таа информација официјално се уште не е потврдена.