Елтон Џон најави нов албум во 2016 година. Неговите агенти денеска објавија дека неговиот 33. студиски албум „Wonderful Crazy Night“ ќе излезе на 5. февруари следната година, а првиот сингл „Looking Up“ од денеска е достапен.
Новиот албум е продуциран од Џон и Ти-Боун Барнет, кој соработуваше со 68-годишниот британски музичар и на албумот „The Diving Board“ од 2013 година.
Текстовите на песните се на Берни Топин, со кој Џон соработува речиси пет децении.
Елтон Џон е еден од британските најуспешни и најдолговечни музичари, а последните години активно е ангажиран во борбата за правата на хомосексуалците. Од кралицата Елизабета Втора во 1998 година доби благородничка титула за придонес во поп музиката и во борбата против СИДА-та.